Ховит побара слобда за новинарите, а е загрижен за случајот Кежаровски

Објавено на 30 октомври, 2013 во 17:11

Претставникот на Европскиот парламент, Рачард Ховит меѓу останатото, упати препорака до Владата во Македонија да дозволи поголема слобода на изразување. Предупреди дека носењето на Законот за медиуми, без подршка од новинарите е опасно.

Тој искажа и згриженост  за одредени аспекти од случајот со Кежаровски. Порача дека е особено загрижен за должината на притворот на новинарот.

 

Според него, до самитот во декември Владата треба да поработи и на подобрување на партискиот дијалог во земјата. Акцентот го стави и на случувањата во Општината Центар.

Меѓу препопраките на Ховит се најде и дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.Тој изрази надеж дека во иднина Владата ќе направи видливи чекори за конечно постигнување договор меѓу двете земји. Но, покрај кај Бугарија и Грција, Ховит порача дека постои загриженост и кај други земји-членки на Европската унија, за подготвеноста на Македонија за почеток на пристапните преговори.

Извор: Телма

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.