Какво време не очекува во текот на денот?
Времето денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, проследено со засилен ветер и услови за појава на невреме.
Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во попладневните часови, па локално се очекува да наврнат и до 40 литри дожд на метар квадратен.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури од 14°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 20°C до 31°C.
Во Скопје ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивен дожд се очекува во попладневните часови. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 20°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 28°C.
http://weather4all.com.mk/
