Силно невреме попладнево во Македонија
Циклонот „Бранко“ кој попладнево се очекува да ја зафати Македонија ќе донесе обилни врнежи, грмотевици, силен ветер и град, што може да предизвика штети и поплави на одредени места.
Студениот бран доаѓа од северозапад и се спушта од Алпите. Карактеристично за овој циклон се електричните празнења, па треба да се очекуваат зачестени грмотевици.
Според прогнозите, нестабилно време со обилни врнежи на дожд и грмотевици во Македонија ќе се засржи до петок.
Времето во Македонија утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд, на места обилен и со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 20 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време со температурата до 28 степени.
