Листерија најдена во чаден свински врат на „Екстра Меин“

Објавено на 7 август, 2014 во 07:09

Комисијата за заразни болести го соопшти причинителот за заразата со опасната бакетрија листерија. Бактеријата е откриена во сецкан свински врат од фирмата Екстра-меин од Куманово, пронајден во малопродажба во Гевгелија.

Испитувањата на вкупно 650 мостри прехранбени производи покажаа дека бактеријата листерија е најдена во триесет производи што термички се обработуваат и се сметаат за безбедни за јадење и кај еден производ што не се обработува термички – вакумиран сечкан свински врат.

Генетичките профили на листеријата од овој производ во 98 отсто се совпаѓаат со оние најдени кај осумте заболени од листериоза -, изјави на денешната прес-конференција  професор д-р Ѕвонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести.

– Допрва ќе се прават анализи од мостри од површините и масите од фабриката каде што се произведува месото, кое е наредено да биде повлечено од производство и тоа до вечер ќе биде направено, изјави Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна.Иако прозводите се произведени во средина на јули, надлежните имаат висок степен на сигурност дека, тоа е причината ., Рунтевски не одговори на прашањето точно од каде е набавувано месото, затоа што се уште не било испитано.

Од листерија досега починаа четворица.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.