Во автобусите на ЈСП ќе се возиме со припејд електронски картички

Објавено на 12 август, 2014 во 07:47

Јавното сообраќајно претпријатие ќе воведе електронски при-пејд картички и ќе ги исфрли од употреба хартиените билети со што ќе го модернизира системот за наплата во државните автобуси.

Голема е веројатноста оваа опрема да ја инсталира операторот „Т-мобиле“ како компанија која највисоко котира по петтиот тендер што го распиша претпријатието. На електронската аукција се натрпеварувала уште една фирма, „Виста груп“, но телекомуникацискиот оператор лицитирал со најприфатлива понуда, објави Плусинфо.

Директорот на ЈСП, Мишо Николов, вели дека сè уште не е сè финализирано затоа што претстои период на жалби. Доколку сè тече според планот, тој очекува до крајот на месецов да го потпише договорот.

Oва е петти обид на ЈСП да најде фирма која ќе го модернизира системот за наплата. Претходно, четирите распишани тендери завршија неуспешно затоа што не можеа да се усогласат условите на тендерот со можностите и барањата на фирмите. Овој пат, тендерската постапка најдалеку дотурка и од четири фирми кои оставиле понуда, една е потенцијална да го реализира најавеното.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.