Се уште непознат изворот на листерија
Изворот на листеријата од која починаа четири лица се уште не е откриен. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за 24 Вести изјавиле дека е потребно повеќе време за да се лоцира истиот.
Нивните последни анализи покажуваат дека опасната бактерија не е присутна во производите на кумановската Екстра мејн, но инспекторите остануваат на терен. На сила се вонредни контроли на секоја серија која ќе излезе од месниот сектор.
И денеска повторно остана истата пракса дел од надлежните и од компанијата Екстра мејн да дебатираат и прашуваат преку соопштенија.
Од компанијата упатија соопштение адресирано до Центарот за јавно здравје Велес во кое прашуваат од кога доечниња јадат свински врат и зошто не е направена квантификација на бактеријата, метод кој според нив е потребен за валидност на анализата.
Од таму препознаваат нелогичност во датумот кога се земени мострите, бидејќи на два различни документи стоел различен датум 23 и 25 јули. Другата нелогичност според Екстра мејн е дилемата зошто не е извршена квантификација на спорниот производ поткрепена со членови од Правилникот за микробиолошки критериуми за храна, како и пропусти во чувањето и постапувањето со примерокот.
Преку соопштение се огласи и скопскиот Институт за микробиологија според кој сите изолирани бактериски слоеви на листеријата кај пациентите хоспитализирани на Инфективната клиника се идентични и му припаѓаат на ист клон на бактеријата листерија моноцитогенес.
