Доживотен затвор за педофил од Битола

Објавено на 15 август, 2014 во 14:30

Педофил од Битола доби доживотна казна затвор. Станува збор за 45 годишниот З. К . кој злоставил два малолетници помали од 14 години.

Овој педофил и е познат на битолската јавност од минатата година кога со недели се движеше по дворовите на неколку основни училишта во градот задоволувајќи ги своите страсти пред ученици. Според обвинението дури 12 пати педофилот за да ги задоволи своите страсти ги избрал основците.

Тогаш медиумите пишуваа дека наставници и директори на училишта ги советуваа родителите и роднините на учениците да бидат внимателни и да не ги оставаат своите деца сами да одат на училиште, сомневајќи се на присуство на лице со педофилски предиспозиции.

Случајот беше проследен и до битолската полиција. Набргу педофилот беше откриен. Против истото лице поднесена беше кривична пријава за задоволување на полови страсти пред друго лице.

За казната на педофилот сега известува специјализираниот интернет портал на Министерството за труд и социјална политика на кој се објавуваат имињата, сликите и податоците за педофилите од државата, осудени со правосилна судска пресуда.

Во регистарот на педофили, покрај името на З. К, кој доби доживотна казна затвор, може да се најдат имињата и податоците на за шест други педофили од Битола, осудени на различни казни со правосилни пресуди. Меѓу мажите има и една жена на 29 години, осудена за педофилија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.