Ќе се отвораат досиејата на УДБА и КОС
Објавено на 15 август, 2014 во 14:48
Досиејата што сојузната УДБА и КОС, тајните служби од поранешна Југославија ги воделе од идеолошки и политички причини за македонски државјани, а кои по распадот на СФРЈ останаа во Белград би можеле да станат достапни за скоро време на Комисијата за лустрација, објавува Дневник.
Ваква можност нуди спогодбата меѓу Македонија и Србија за размена и заемна заштитата на класифицирани информации, која била потпишана во февруари годинава и која сега чека на ратификација во Собранието.
По ратификувањето на спогодбата, Комисијата за верификација на фактите ќе може да почне процедура за да добие некои од досиејата што југословенските тајни служби ги водеа за Македонци, а кои останаа во Белград.
