Почина професионален војник на стражарско место
Објавено на 19 август, 2014 во 07:48
Портпаролот на Mинистерството за одбрана, Мирче Ѓоргоски, потврди за Либертас дека завчера во вечерните часови на стражарско место во воениот објект Еребино починал 37-годишен професионален војник, пренесува порталот Либертас.
Починатиот војник е од околината на Тетово и ги имал сите неопходни редовни и вонредни лекарски прегледи тврдат од министерството.
Портпаролот уверува дека ни министерот ни началнкот на генералштабот немале намера да го сокријат несреќниот случај, но чекале резултати од обдукцијата.
-Истрагата утврди дека немало никакво насилство, а обдукцијата ќе покаже од што починал војникот на работното место, стражарница на Еребино – изјави за Либертас Ѓоргоски.
