Тодоров: Нема дилема, изворот на зараза е Екстра Меин
Во примероците од свинскиот врат на Екстра меин кои биле донесени од семејство од Прилеп е потврдена бактеријата листерија. Станува збор за два производа, отворен свински врат кој веќе бил конзумиран и запакуван свински врат без ознака или лот на него, соопшти Министерствотоз а здравство, пренесе Нова ТВ.
Министерот за здравство Никола Тодоров соопшти дека во овие мостри се најдени над 9000 колонии од бактеријата или 90 пати повеќе од дозволеното. Бактеријата е најдена и во суровината од која се правеле сувомаснатите производи, свинско и пилешко месо кои биле увезени од Бразил и Канада.
-Ова значи дека станува збор за ист извор на зараза кај сите пациенти. Од денес е наредено да се извршат контроли во сите градинки ,болници и старечки домови, изјави Тодоров на денешната прес конференција.
Според Тодоров супер-анализа не е направена, а мостри се испратени во две акредитирани лаборатории за испитување. Тој рече дека изворот на бактеријата е ист кај сите заболени или починати што е потврдено со генотипизација.
-Епидемилошката анкета укажува дека поголем дел од нив јаделе од свинскиот врат, но дел од нив и не можат да се сетат бидејќи инкубацијата е долга и трае и до 70 дена, потенцира Тодоров.
