Метеж на наплатната рампа Отовица, кај Велес

Објавено на 21 август, 2014 во 12:36

Повеќе возила чекаат пред наплатната рампа „Отовица“ во правец кон Катланово, а сообраќајот на овој правец се одвива отежнато и забавено поради изведување работи на мостовите, соопшти попладнево Авто-мото сојузот на Македонија.

На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите, поради тоа е формирана подолга колона на возила до наплатната станица „Отовица“ во правец кон Катланово и сообраќајот се одвива отежнато и забавено, се вели во соопштението од АМСМ.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.