НОВА: Листерија е пронајдена и во полнилка на Пекабеско

Објавено на 27 август, 2014 во 06:48

Бактеријата листерија е пронајдена преку земен брис од дел од полнилка во компанијата Пекабеско, потврди за НОВА Дејан Рунтевски директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, откако НОВА вчера објави документ од кој се гледа дека листерија е пронајдена кај уште еден производител на сувомесни производи.

„ Веќе се врши дезинфекција, се чисти и за два-три дена ќе почне да функционира овој дел од машината. Што се однесува до производот земен од кујната во болницата во Гостивар тој е негативен, изјави за НОВА, Рунтевски.

Рунтевски во изјава на НОВА ТВ не бил сигурен дали производите од оваа компанија се повлечени од маркетите.

НОВА вчера објави дека веќе пет дена е затворена кујната која снабдува болницата со храна, по извршената контрола од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Првиот човек на Агенцијата за храна, Рунтевски соопшти дека кујната во болницата се уште се дезинфицира и реновира, по што ќе бидат земени мостри за за уште една анализа и дури по добивање на резулатите објектот ќе биде пуштен во употреба. Тоа нема да се случи до крајот на неделата потенцира Рунтевски.

Директорот на болницата Илбер Адеми кој е надвор од државата поради годишен одмор вчера за НОВА изјави дека единствена причина за затварањето е што болничката кујна се реновира бидејќи од Агенцијата добиле укажување да го сторат тоа.

Извор: НОВА ТВ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.