Какво време не очекува во текот на денот?

Објавено на 2 септември, 2014 во 05:14

Времето денеска  ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Попладне се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, а локално понекаде ќе наврнат и над 30 литри дожд на метар квадратен.

Ќе дува слаб северен и северозападен ветер а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 12°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 26°C.

Во Скопје ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 24°C.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.