Какво време не очекува во текот на денот?

Објавено на 10 септември, 2014 во 06:22

Во Македонија во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици ќе има во северозападните, западните, југозападните како и во крајните источни и североисточни предели.

Ќе дува јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува југозападен ветер.

 

Утринските температури ќе се движат од 8°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 30°C. УВ индекс 4.

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со услови за врнежи од дожд. Ќе дува југоисточен ветер.

Утринската температура од 14°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C. УВ индекс 4.

http://weather4all.com.mk/

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.