Трибина за пристапот до контрацепција
Објавено на 26 септември, 2014 во 08:05
Во организација на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, денеска со почеток во 13 часот на Педагошкиот факултет во Скопје ќе се одржи трибина за контрацепцијата.
На настанот организиран како одбележување на 26 септември, Меѓународниот ден на контрацепцијата, пред публиката ќе зборуваат гинекологот др. Радица Бојчева, Благица Петрова од студентска организација „Излез” и Деспина Димитрова, волонтерка во ХЕРА.
Организаторот вели дека идејата за трибината е да ја зголеми свесноста за видовите контрацепција и да ги објасни начините за доаѓање до неа, како и да го продлабочи знаењето на девојките за своето сексуално и репродуктивно здравје.
