Јунската капитација експресно легна на сметките ќе го смири ли незадоволството на лекарите?
Расте незадоволството кај матичните лекари. Откако вчера уште еднаш ги извадија на површина проблемите во примарното здравство и се побунија дека немаат земено капитација за јуни, надлежните со експресна реакција. Јунската капитација веќе вчера попладне легнала на сметките на матичните лекари. Но, ова според лекарите не ги решава, туку ги пролонгира проблемите кои реално постојат во секторот.
Претседателката на здружението на приватни матични лекари, д-р Лили Чолакова Дервишова за Фактор вели дека иако минатата недела штрајкот беше ставен во мирување, состојбите во здравството сеуште се неизвесни.
Финсиските трошоци за да опстои еден матичен лекар, според неа се сериозен проблем за фелата. Лекарите бараат фиксни плати од 40.000 илјади денари за лекар и 20.000 денари за медицинска сестра, зголемување на капитацијата по пациент од 50 на 100 денари, воведување на партиципација, и решавање на суштинските проблеми со префрлањето на пациентите кога еден од двајцата лекари ќе ја напушти ординацијата.
Овие барања според ресорното министерство ги ставаат во нерамноправна положба младите матични лекари кои ќе бидат оневозможени да стигнат до свој бизнис.
За д-р Чолакова-Дервишова групата од млади колеги доктори се токму колеги кои Министерството ги активирало повремено за да се направи раздор во членството.
“Едниот од младите колеги е од Скопје, другиот од Кичево и третиот од Охрид. Тој што е најгласен во случајов е концесионер во Скопје, има вработено доктор и сака да отвори нова ординација во населбата Припор. Вториот доктор е исто така вработен. Не гледам зошто да е проблем тоа што го бара членството на Здружението на приватни лекари на Македонија. Фондот за здравство дозволува секој пациент двапати годишно да се одјави од матичен лекар. Сега има стимулации од 40 000 денари од Фондот за вработување на млад доктор. Тоа ние го немавме кога почнувавме. И ние бевме млади едно време т.е почетници и со труд дојдовме до пациенти. Јас немам работено во јавно здравство ниту еден ден и сум една од првите десет приватни амбуланти во земјава. Првиот рабитен ден имав само двајца пациенти. Аргументите на младите доктори едноставно не држат. Еден ден и тие ќе бидат сопственици, а повторувам дека најгласниот од нив е веќе сопственик”-вели д-р Чолакова Дервишова.
Текстот во целост прочитај го тука.
