Со швајцарски пари ќе се градат пречистителни станици во четири македонски општини

Објавено на 7 октомври, 2014 во 14:40

Со пари од швајцарската Влада, четири помали рурални општини низ кои поминува реката Брегалница ќе градат пречистителни станици, јави Радио Канал 77.

Општините Карбинци, Лозово, Конче и Чешиново – Облешево за овој проект за заштита на Брегалница  ќе добијат  900 000 швајцарски франци, а дополнително донаторот ќе инвестира уште 300 000 евра за проект, за кој допрва ќе одлучува.

Во текот на следните две недели ќе се знае и каде ќе се гради Едукативниот центар на природата. Пробиштип и Пехчево наскоро ќе обезбедат дополнителни документи, по што комисијата ќе одлучи која општина ќе го добие овој проект , кој исто така го финансира швајцарската Влада.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.