ЕК денеска ќе го објави извештајот за напредокот на земјите кандидати за членки

Објавено на 8 октомври, 2014 во 08:16

Европската комисија денеска ќе го објави годишниот извештај за напредокот на земјите кои бараат членство во Европската унија.

Станува збор за Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Турција и Исланд.

Како што се дознава, Македонија ја задржува препораката за почеток на преговори за членство, со барање до владата, меѓу другото, да ги спроведе итните реформи, како и да се постигне напредок во независноста на судството и слободата на изразувањето.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.