Забранети се посетите на инфективна!

Објавено на 10 октомври, 2014 во 14:36

Клиниката за инфективни болести е под полициски надзор, строго се забранети посетите, а медицинскиот пероснал е со заштитни маски на лицата, јави Телма.

Смртта на 58-годишниот Британец со симптоми на ебола го вклучи алармот кај здравствените власти. Вознемирени семејства и роднини на пацинети со часови чекаа пред клиниката објаснување зошто не можат да ги видат болните.

 

„Забрането е од сношти, јас имам синче тука. Не смее никој да влезе. Нормално е дека се плашиме, лечиме бронхопневмонија, а не знаме што ќе добиеме. Сега ни кажуваат дека детето не е во допир со нив, вработените се во посебни соби во карантини“, вели мајка од Охрид, пренесе Телма.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.