Пронајден мртов полициски инспектор во Пробиштип

Објавено на 15 октомври, 2014 во 15:52

Во Полициската станица во Пробиштип денеска е пронајдено безживотното тело на лице кое работело како инспектор по криминална техника.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова засега не соопштува детали за случајот.

Таа информира дека увидот од страна на Јавното обвинителство и од полициската станица во Пробиштип е во тек и оти за настанот ќе информираат по завршување на истрагата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.