УХМР: Дожд од среда и заладување од четврток
Уште денеска и утре сончево со мала локална или доумерена облачност, претежно тивко и со температура до 26 степени. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има магла. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека од среда ќе настапи промена на времето, заладување и дожд на пониските места како и снег на планините .
Во Македонија, во среда ќе настапи промена на времето. Во попладневните часови ќе биде облачно а ќе дува умерен до засилен северен ветер и се очекуваат врнежи од дожд, на места со грмежи. Во текот на ноќта на некои повисоки места и на планините врнежите можно е да преминуваат во снег.
Во четврток се очекува драстичен пад на темпратурата. Таа ќе се движи од 1 до 15 степени. Минималната ќе биде од 1 до 7, а максималната од 8 до 15 степени.
Во четврток времето ќе биде променливо облачно и студено, со повремен дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Слично време се очекува и во петок и во сабота.
