Разединети ставови за забелешките на ЕК за медиумите

Објавено на 22 октомври, 2014 во 15:56

Случајот со осудениот Кежаровски драматично ја промени сликата за состојбата со медиумите во земјава. Поради ова извештајот на Европската Комисија во овој дел е загрижувачки катастрофален.  Ова му го порачаа дел од преставниците на медиумските здруженија на вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и го запрашаа дали е подготвен преку министерството за правда да побара Кежаровски да биде пуштен на слобода, пренесе Телма.

Независноста на судството е втор критериум за развој на демократијата и јас не можам да се мешам во случајот Кежаровски, рече Бесими. Според него прашање е каков сигнал би испратила земјава во тој случај.

Но, според медиумските здруженија исто толку голем проблем поради кои Еврпската Унија ја критикуваше Македонија е и селективниот однос на владата кон медиумите, финансирањето и директното мешањет во содржините, поделбата на патриоти и предавници.

„Важно е да покажеме слика за напредок на дијалогот и поради тоа инсистиравме и на денешната средба,“ одговори Бесими.

Од здруженијата пак му порачаа да не креира лажна слика туку со конкретни чекори и решенија владата да работи да се подобри состојбата со слободата на изразување на новинарите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.