Две деца со западнонилска треска примени на Детска клиника во Скопје

Објавено на 23 октомври, 2014 во 11:55

Дете на осуманесетмесечна возраст и три годишно дете  биле примени во тешка здравствена состојба. Иако  по неколку дена има подобрување,сепак, се’ уште се под строг здравствен надзор.

И двете деца се од Скопје. Засега нема информација каде биле каснати од заразен комарец. Децата имале тешки и некарактеристични симптоми кои го напаѓале нервниот систем. Вирусот бил и лабораториски потврден во Институтот за јавно здравје, јави Радио Канал 77.

Ова не е прв случај на западнонилска треска годинава на Клиниката за детски болести. Кон крајот на август на одделот за Неврологија беше и седумгодишно девојче кое вирусот го добило од инфициран комарец кога било на одмор со родителите во Грција. Изминатите години во земјава беа регистрирани и неколку смртни случаи поради компликации предизвикани од западнонилската треска.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.