Снег на Попова Шапка

Објавено на 25 октомври, 2014 во 14:31

Снег на повисоките места веќе неколку дена има низ Македонија, а на Попова Шапка веќе се оформи и снежна покривка. На социјалните мрежи веќе можат да се видат првите фотографии од снегот.

Според метеоролозите, од утре не очекува стабилизација на времето, но температурите и понатаму ќе бидат ниски – на места и под нулата.

До крајот на денов не очекува претежно облачно, студено и ветровито време, со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер и значителен пораст на воздушниот притисок. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, кои на повеќето места ќе бидат под нулата, објави УХМР.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.