СДСМ продолжува со бојкот на парламентот
Молк во партиите по вчерашната одлука на СДСМ, да го продолжи бојкотот на Парламентот.
Од владејачката ВМРО ДПМНЕ, кои неколкупати ги повикуваа да се вратат до истекот на крајниот рок, сега не сакаат ништо да коментираат. Нема коментар ниту од партиите на Албанците, а од ДПА не сакаа ниту да се изјаснат како ќе гласаат на седницата по истекот на шест месечното отсуство од Собранието, пренесува Телма.
Од НСДП и ЛДП, исто така не коментираат како сега тие ќе постапат и дали ќе им се придружат на своите колеги во одлуката за понатамошен бојкот. Жерновски и Петковски неделава очекуваат средба со Заев, на која ќе се донесе одлука за понатамошните чекори. Ниту од СДСМ не сакаат да појаснат детали за вчерашниот состанок со пратеничката група и Извршниот одбор. Остануваат на кусото соопштение, испратено вчера.
