Фатени Македонци со хероин во Сараево

Објавено на 30 октомври, 2014 во 19:57

Двајца гостиварчани се уапсени во Сараево на меѓународната автобуска станица. Кај нив се откриени над еден килограм хероин.

– Полицијата на кантонот Сараево дрогата ја открила кај Шабан Х . со кого во друштво бил Идриз Ш. Вредноста на дрогата е од 30 до 50.000 илјади конвертибилни марки, информирал портпаролот на сараевската полиција, Ирфан Нефиќ.
Дрогата била скриена во појас обвиткан околу телото на Шабан Х. Тој требало само за одредена сума да ја пренесе дрогата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.