Меркел и Пленковиќ се надеваат на напредок на Македонија и Албанија

Објавено: 17 јануари, 2020, во 08:48 часот

merkel plehanovic fin

Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашната средба во Берлин со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакнаа дека се надеваат дека ќе има напредок во отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија со Европска Унија на Самитот во мај во Загреб.

И хрватскиот премиер изрази оптимизам за Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 5 и 6 мај.

– Овој Самит ќе даде реална перспектива во односите на ЕУ со земјите во соседството, за да знаеме со каква динамика овие земји се движат кон членството, наведе Пленковиќ.

Меркел и Пленковиќ разговараа и за координација со претседавањето со ЕУ и ја потврдија желбата заеднички да работат на решавање на проблемите.
Германија на 1 јули ќе го преземе претседавањето со ЕУ од Хрватска.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.