Денеска сончево со температура до 11 степени

Објавено: 23 јануари, 2020, во 07:46 часот

sonce zimaВремето денеска, според УХМР, ќе биде сончево, на места со зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови.

Утрото ќе биде студено, а максималната дневна температура се очекува да достигне до 11 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно.

В недела и в понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Во вторник пак се очекува суво време.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.