Забрана за сообраќај за сите видови возила на Плетвар и Тетово – Попова Шапка

Објавено: 6 февруари, 2020, во 08:13 часот

pletvar fin

Забрана за сообраќај за сите видови возила од утрово има на планинскиот превој Плетвар и Тетово – Попова Шапка.

Како што информираат од ЈП Македонијапат, забраната е поради интензивни врнежи од снег, силен ветер и наноси на патот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните екипи на Македонија пат.

Од јавното претпријатие соопштија дека на патниот правец Тетово – граничен премин Јажинце е задолжителна употребата на зимска опрема за сите видови возила и апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.