Забрана за камиони и шлепери на патот Маврово-Дебар
Објавено: 12 февруари, 2020, во 09:32 часот
Забрана за товарни моторни возила е воведена утрово на патниот правец крак Маврово-Дебар.
Забраната е воведена од 08:00 часот.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата

