По дождот, сонце и повисоки температури
Објавено: 16 март, 2020, во 09:10 часот
По врнежливиот викенд, времето денеска, според прогнозата на УХМР, претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне претежно сончево, со максимална температура до 14 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со постудени утра, но со пораст на дневната температура. В среда и в четврток ќе дува умерен северен ветер, а од петок се очекуваат максимални температури повисоки од 20 степени, со кои ќе ја дочекаме пролетта и ќе ја испратиме годинава многу благата зима.





