Околу 200 македонски државјани се извлекуваат од затворената унгарско – српска граница
Објавено: 17 март, 2020, во 09:40 часот
По одлуката соседна Србија да ги затворат сите своите граници, околу 200 македонски државјани останале на унгарско – српската граница. Како што вечерва соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со дипломатски напори, оваа група се транспортира преку територијата на Романија и Бугарија во Македонија.
Поради непредвидливоста на состојбата со границите и одлуките за затворање на државните граници кај многу земји поради состојбата со коронавирусот, министерот Димитров имаше кратка порака:
-Не патувајте, рече Димитров.

Во моментов, има повеќе македонски државјани, кои се „заглавени“ по аеродромите во Виена, Њујорк и други места. Сите тие побарале помош од нашето МНР.

