По 3,5 години затвор за функционерите на ДУИ, Аљими и Гури, за изборни нерегуралности
Објавено на 31 март, 2020 во 08:53
31.03.2020
По три години и шест месеци казна затвор за функционерите од ДУИ, Ејуп Аљими и Исмет Гури за изборни нерегуралности во Чаир за време на локалните избори одржани во 2013 година.
Обвинението за овој предмет го покрена СЈО, а обвинетит се гонеа дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.
Односно обвинителството тврдеше, а судот потврди дека обвинетите преправиле 13 записници и со тоа не се отсликала волјата на гласачите за градоначалник на општина Чаир.
Пресудата во Кривичниот суд Скопје ја соопшти судијката Марија Клетничка која истакна дека со досудените казни правдата е задоволена.