ЕУ помош од 4 милиони евра за итни медицински потреби

Објавено: 3 април, 2020, во 13:46 часот

eupoddrska fin

3.04.2020

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска го потпиша финансискиот пакет вреден четири милиони евра за итни медицински потреби на Северна Македонија, како одговор на кризата со Ковид-19.

Помошта од ЕУ овозможува набавка на маски, вентилатори, комплети за тестирање, медицинска опрема и значителни количини на опрема за лична заштита. Таа ќе биде спроведена од УНОПС – Канцеларијата на ОН за проектни услуги.

Тековната помош е дел од солидарниот пакет помош на ЕУ за нашата земја во висина од 66 милиони евра, наменет за справување со состојбата со корона вирусот. Во рамки на пакетот, освен овие четири милиони евра за итни медицински потреби, ЕУ обезбедува и 50 милиони евра за социо-економско закрепнување, девет милиони евра за помош на приватниот сектор и три милиони евра директна буџетска поддршка

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.