Домашните фирми донирале 800 илјади евра на наменската сметка на Министерство за здравство

Објавено: 11 април, 2020, во 14:17 часот

pari fin

Со донации на домашните компаниии на наменската сметка на Министерството за здравство се собрани 800.000 евра.

– Една од првите што излезе пресрет е Алкалоид, компанијата донира 200.000 евра за Министерството за здравство, а дополнително ги намали цените на 158 свои производи. Комерцијална банка обезбеди парична помош во износ од 100 илјади евра, и уште дополнителна заштитна опрема во вредност од 20 илјади евра. Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, издвои 100 илјади евра во опрема за здравство. Истото го стори и ОКТА со донација од 50 илјади евра, како и Битолска млекара со донација финансиски средства за сервис и репарација на апаратите за респираторна нега, коишто се потребни за Инфективната клиника во Скопје, се наведува во соопштението.

Како што истакнуваат, голема помош за Министерството за здравство пристигна и од голем број странски држави, претставништва, амбасади и организации.За сите нив и за секоја донација Министерството за здравство упати јавна благодарност за укажаната помош. Дел од компаниите, како Халкбанк, Битолска млекара и Комерцијална, како помош за Владата и економскиот сектор за справување со последиците од епидемијата, предвреме го платија данокот на добивка.

-Во справувањето на Владата и институциите со вонредната ситуација предизвикана од пандемијата клучна улога игра стопанскиот сектор со пружање многу потребна и значајна помош за ублажување на ефектите од кризата, се додава во соопштението.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.