Владата од Пендаровски ќе бара вонредна состојба и во наредните 30 дена
Објавено: 15 мај, 2020, во 12:32 часот
15.05.2020
Владата на денешната седница донела заклучок да достави предлог до претседателот Стево Пендаровски за вонредна состојба и во наредните 30 дена, соопшти владината прес-служба.
Предлогот до Пендаровски, според соопштението од Владата, содржи и извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира барањето за вонредна состојба уште 30 дена.


