Време: Променливо, попладне дожд, слично и до крајот на последната пролетна седмица

Објавено: 17 јуни, 2020, во 07:07 часот

promenlivooblacno fin

јуни 17, 2020

Променливо облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Попладне на многу места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Максималната температура до 30 степени. УВ=7. 

И утре ќе се задржи променливо облачно време, попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

В петок ќе биде посончево и потопло со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, а од сабота повторно ќе има услови за попладневна нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Значи, со вака променливо време ќе ја минеме последната пролетна седмица и ќе влеземе во летото.

tabelavremenska fin

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.