Пораст на температурите наредната седмица
Објавено: 19 јули, 2020, во 16:00 часот
19.07.2020
Значителен пораст на температурата на воздухот најавуваат метеоролозите во следната недела.
Времето, според најавата од УХМР, во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Максималната температура утре ќе се движи од 22 до 33, вторник од 28 до 34, среда од 30 до 37, четврток од 29 до 36, петок од 28 до 35 и сабота од 29 до 35 степени.


