ОЈО Прилеп отвори предмет за забавата во ноќен клуб „Калипсо“

Објавено: 20 јули, 2020, во 13:05 часот

Kalipso fin

20.07.2020

Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас заради сомненија дека едно правно лице и едно физичко лице – одговорно лице во правниот субјект сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 од Кривичниот законик.
Имено, во услови на прогласена пандемија од Ковид-19, спротивно на законските прописи и пропишаните мерки за заштита, во вечерните часови на 18.07.2020 година, во правното лице – угостителски објект била организирана забава на која биле присутни поголем број посетители.

Постапувајќи по оформениот предмет, надлежното обвинителство издаде наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази.

Прилепскиот клуб „Калипсо“ во саботата бил преполн, а забавата како што може да се види од фотографиите и снимките поминала со гужва, турканици, лица без заштитни маски, а не се одржувало ниту социјална дистанца.

Државната пазарна инспекција интервенираше во ноќниот клуб „Калипсо“ во Прилеп, кој затворил кратко пред да дојдат инспекторите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.