Преку „Летна кампања” до поголема безбедност во сообраќајот
Објавено: 23 јули, 2020, во 11:53 часот
23.07.2020
Секторот за внатрешни работи Скопје при Бирото за јавна безбедност во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата организира сообраќајно превентивна кампања за безбедност во сообраќајот насловена „Летна кампања”.
Целта на кампањата, како што информираат од МВР, е едукација и подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот во летниот период.
-Изработени се едукативни материјали за потребите на кампањата и по успешно организираниот вчерашен настан на наплатна станица Петровец, денеска на просторот помеѓу трговските центри „Бисер” и „Капитол мол” во општина Аеродром – Скопје, беше реализирана уште една акција за дистрибуција на едукативните материјали, соопшти МВР.
