Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност
Објавено: 15 септември, 2020, во 08:21 часот
15.09.2020
Времето денес во земјава ќе биде прилично сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Највисоката дневна температура може да достигне и до 33 степен на југот во Гевгелија.
Од четврток се очекува променливо облачно и ветровито време со повремен локален дожд. На некои места ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност.




