ВМРО-ДПМНЕ денес ќе протестира за Гоце Делчев

Објавено: 15 септември, 2020, во 08:38 часот

Micko fin

15.09.2020
Најголемата опозициона политичка партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, денес во Скопје ќе протестира за Гоце Делчев. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, на својот „Фејсбук“ профил го најави денешниот протестен марш кој ќе тргне од Министерството за правда, ќе се движи по мостот „Гоце Делчев“ и ќе заврши пред Министерството за надворешни работи.

-Ова е протест на народот, целта е ЕУ, за Македонија, за Делчев. Гоце е црвената линија за нашето достоинство, напиша Мицкоски.

Вонинституционалните активности на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат, откако минатата недела партијата протестираше против поскапувањето на цената на струјата пред Регулаторната комисија за енергетика.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.