98 новозаразени, 9 починати и 104 оздравени пациенти од Ковид – 19 во државата
Објавено: 15 септември, 2020, во 13:34 часот
15.09.2020
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Велес-1, Битола-4, Охрид-2, Гостивар-1, Струмица-9, Крива Паланка-1, Кочани-1, Берово-1, Делчево-2, Кичево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.
Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г).
Oд нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846.
