Со тапани и „Едно име имаме“ почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев
Објавено: 16 септември, 2020, во 08:02 часот
16.09.2020
ВМРО-ДПМНЕ вчера доцна попладне го одржува третиот од серијата протести кои партијата ги најави. По минатите два протести против поскапувањето на струјата, овој пат тие протестираа „за поддршка на членството во ЕУ и за Гоце Делчев“.
Демонстрантите со македонски знамиња и знамиња од Вергина, со зурли и тапани, пееја „Едно име имаме“, скандираа „Македонија“ и носеа транспаренти „стани Гоце те предадоа“, „Гоце е црвената линија“, „или Гоце или Заев“ и слично.
Голем дел од граѓаните носеа црвено-жолти маици со ликот на Гоце Делчев.
Протестот започна пред зградата на Министерството за правда и преку мостот „Гоце Делчев“ предолжи до Министерството за надворешни.
