СДСМ: Продолжува процесот на гасификација, реализирани се 60 отсто од делницата Скопје-Тетово-Гостивар

Објавено: 13 октомври, 2020, во 08:20 часот

SDSM fin

13.10.2020

Во време на глобална и економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ реализира сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, што значат побрзо надминување на негативните економски последици предизвикани од коронакризата и обезбедуваат подобар квалитет на живот за сите граѓани, велат до владејачката партија СДСМ.

-Во тек е изградба на 190 километри патна мрежа низ целата држава, во вредност од 800 милиони евра. Автопатот Кичево – Охрид веќе добива засилена динамика, а на автопатот Скопје – Блаце изведувачот на првата делница, веќе е воведен во работа. Во тек е рехабилитација на 208 километри патна мрежа во вредоност од 42 милиони евра, а обезбедени се 70 милиони евра за изградба и реконструкција на улици и локални патишта во општините. Истовремено, во тек се 29 проекти за изградба на водоводи и канализации а се подготвуваат уште 14 проекти. Во Пробиштип, Неготино, Виница, Свети Николе и Бутел, во тек е изградба на 506 социјални станови, а наскоро започнува изградба на нови социјални згради во Демир Капија, Гевгелија и Велес- стои во соопштението на СДСМ.

Продолжува и процесот на гасификација, потенцираат оттаму, реализирани се 60 отсто од делницата Скопје-Тетово-Гостивар.

-Оваа делница е со вкупна должина од 86 километри во вредност од 29 милиони евра. Се работи и на правецот Неготино-Кавадарци-Битола, каде се реализирани над 89 отсто на делницата која е во вкупна должина од 92 километри и вредност од 36,4 милиони евра. Развојот и унапредувањето на инфраструктурата и енергетскиот сектор остануваат врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ. И во време на пандемија реализираме проекти важни за државата, кои обезбедуваат подобар квалитет на живот за сите граѓани- велат од владејачката партија СДСМ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.