Бочварски бара извинување од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ инаку ќе го тужи за клевета
2.11.2020
Најостро демантирам, ниту фирмата аплицирала некогаш на тендер на Општина Штип, ниту добила тендер од Општина Штип, откако станав градоначалник“, реагира актуелниот министер за транспорт и врски и поранешен градоначалник на Штип, Благој Бочварски.
Фирмите на моето семејство постојат 25, 30 години, вработуваат луѓе и редовно исплаќаат плата.
СДСМ покажува стандарди на одговорно и отчетно владеење, незамисливи за периодот зад нас.
Злоупотребите нека си ги бараат кај себе во „белата палата“, а во меѓувреме од Арсовски барам да се извини во спротивно ќе ги употребам сите правни механизми вклучувајќи и тужба за клевета“, вели тој.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека милионски тендер добила фирмата Де Лукс Доо, фирма на чичкото Владимир и таткото Венцислав Бочварски еден ден по неговото назначување за министер за транспорт и врски.
– Овде постои сериозен сомнеж за корупција, криминал и злоупотреба на службена должност, а никој не реагира од надлежните институции, истакна Арсовски.
