Пендаровски – Ван дер Белен: Осуда на терористичкиот напад во Виена

Објавено на 3 ноември, 2020 во 18:05

Pendarovski fin

3.11.2020

Претседателот Стево Пендаровски денеска во телефонски разговор со неговиот австриски колега Александeр Ван дер Белен остро го осуди синоќешниот терористички напад во центарот на Виена и изрази жалење за загубените животи во овој насилнички акт, информираат од Кабинетот на шефот на државата.

Пендаровски упатил длабоко сочувство до граѓаните на Австрија, како и до семејствата на жртвите и повредените.

Претседателот на државата изразил подготвеност за сеопфатна соработка во насока на превенција и пресретнување на радикализмот и тероризмот, мотивирани од верскиот фундаментализам.

– Двајцата претседатели оценија дека синоќешниот терористички акт во Виена е напад врз заедничките вредности во кои веруваме и врз нашиот начин на живот, информираа од кабинетот на Пендаровски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.