Мицкоски: Разочаран сум и лут од справувањето на властите со пандемијата

Објавено на 23 ноември, 2020 во 19:38

micko

23.11.2020

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител изјави дека е разочаран и лут заради справувањето на здравствените власти со пандемијата на коронавирусот.

„Многу сум разочаран, а воедно и лут за сето ова коешто се случува денеска во нашава држава. Зошто? За тоа што најпрвин јас тоа го почувствував на моето семејство и знам точно како и со што се справуваа моите родители, мојата мајка, мојот татко. За среќа и двајцата ја поминаа, едниот потешко, а другиот полесно. Но фала му на Бога и двајцата ја преживеаја оваа би рекол тешка пандемична ситуација која што се случува во Македонија“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека како опозиција понудиле да се формира Ковид-комисија по примерот на други држави, но биле одбиени.

„Ние како опозиција понудивме многу работи, а односот од страна на владата беше игнорантски и онака буквално брутално бевме одбиени. Еве последно што понудивме беше да се формира КОВИД Комисија. Како по принципот на многу држави во регионот кои што формираа една таква КОВИД Комисија и оваа КОВИД Комисија е таа која што е најповикана да предложи мерки и стратегија како да се справиме со пандемијата. Но бевме одбиени“, нагласи Мицкоски.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.