Пендаровски: Против насилството заеднички треба да се бориме секој ден!

Објавено на 25 ноември, 2020 во 10:19

pretsedatelska vila

25.11.2020

Од денеска започнува меѓународната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“, токму на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, а ќе трае до 10 декември, Денот на човековите права. Годинава, Северна Македонија го одбележува овој ден со наговестувањата за промени, кои треба да ги донесе новиот Закон против насилство врз жените и семејното насилство.

По овој повод, со девизата #16ДенаАктивизам, Претседателот Стево Пендаровски упати видео порака до граѓаните, додека пак претседателската вила синоќа беше осветлена во портокалово.

-Сè поголемиот број на жени и деца, жртви на семејно и родово базирано насилство во текот на пандемијата, е последниот сигнал дека е потребен побрз одговор од институциите, сеопфатна стратегија и поддршка на жртвите на насилство.Истовремено, должни сме како луѓе, насилството да го пријавиме и да им помогнеме на жртвите. И не само денеска, на Меѓународниот Ден за борба против насилство врз жените и девојчињата и родово базирано насилство или во следните #16ДенаАктивизам. Против насилството заеднички треба да се бориме секој ден!, вели во својата честитка Пендаровски.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.