Вторник неработен ден
Објавено на 2 декември, 2020 во 09:03
2.12.2020
Денот на св. Климент Охридски – 8 декември 2020 (вторник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Осми декември е државен празник согласно со Законот за празниците на РМ (Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07).
